Достапни линкови

logo-print

Москва: Русија ќе ја продолжи помошта за нуклеарната програма ако Иран соработува со ОН


Русија е подготвена да продолжи со помошта околу иранската нуклеарна програма, доколку Техеран целосно соработува со инспекторите на Обединетите Нации, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Доколку Иран навистина нема намера да произведе нуклеарно оружје, не гледам причини да ја запре нуклеарната програма, рече Путин. Соединетите Држави оценија дека ветувањата на Иран дека ќе соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија се само прв чекор во надминувањето на кризата.
XS
SM
MD
LG