Достапни линкови

Тема стратегијата за влез во ЕУ и НАТО


По пауза од неколку месеци СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно седнуваат на заедничка маса да разговараат за стретшките интереси на државата. Иницијативата за повторно среќавање на високи партиски функсионери ја покрена ВМРО-ДПМНЕ која ја обвини владеачката СДСМ дека не ја информира за одлуки што ги носи, а се од државен интерес.

„Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ воопшто не беше информирана и консултирана за намерата на СДСМ, односно Владата за легализација на парауниверзитетот од Мала Речица, така што ние бевме непријатно изненадени од нивната постапка и затоа извесно време немаше вакви средби“

изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

Тема на денешната средба меѓу преставниците на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е градењето заедничка стратегија за интеграција на Македонија во Европската унија и НАТО.

Повикот од ВМРО-ДПМНЕ заеднички да се работи по прашање на евроинтеграциите, за СДСМ е знак дека опозицијата конечно сфатила оти Владата е на добар пат да ја интегрира Република Македонија во Европската унија. Но, и од таму потенцираат дека по ова прашање мора да се има консензус меѓу политичките партии.

За поздравување е чекорот на зближување на двете најголеми политички партии од македонскиот блок вели политикологот Мерсел Биљали кој смета дека во градењето на вакви стратегии мора да се вклучат и партиите од албанскиот политички блок

„Мора да се има предвид дека албанската структура, односно блокот на политички партии на Албанците, посебно порелеваните, не би требало да се исклучуваат од таквите трендови, затоа што нашите проблеми се заеднички, Европската Унија е една компонента од таквите проблеми, така што сметав дека е и политички и морален императив да учествува и албанскиот блок политички партии“

Коментирајќи ги ваквите ставови на Биљали портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели:

„Јасно е дека главната одговорност за тој политички процес ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како партии коишто досега ги даваат претседателите на македонските влади, претседателите на државата, а тој процес ќе продолжи и во иднина“

Последен пат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ разговараа пред годишните одмори, за територијалната поделба, кога двете партии не постигнаа согласност.
XS
SM
MD
LG