Достапни линкови

Треба да се соберат минимум 26000 парчиња оружје за успех на претстојната акција


Пресметано е дека во Сопеднитетите Држави едно убиство чини 4 милиони долари, во европските земји секое убиство државите ги чини 3, 4 милиони долари,

„Во оваа сума влегуваат сите трошоци – од полициски, обвинителни, судски процеси, истражувања на казни за убијците, социјалните програми за семејствата коишто остануваат без родител, потоа болничките трошоци на ранетите, бидејќи на секое убиство имаме дванаесет ранувања“

вели Владимир пандовски од невладината асоцијација за оружје. Во република Македонија во моментов нема таква анализа но

„Сигурно е 1, 5 милиони долари“

Само овој податок е доволен аргумент за потребата од разоружување особено на овие балкански простори , во Хрватска, Босна Србија и Црна Гора косово и Албанија кадее се смета дека граѓаните пред акциите за разоружувале поседувале околу два милиона и триста илјади парчиња оружје.

„Во акциите за разоружување кои се одвивале во земјите од Западен Балкан досега е запленето, вратено и легализирано оружје коешто се движи околу половина милиони парчиња“

Балканскиот просек на собирање или легализирање на оружјето е релативно висок , оттаму за да биде успешна престојната акција во македонија проценките се дека треба да бидат собрани минимум 26 илјади под претпоставка дека во земјава има околу 120 иљади парчиља оружје. Методите за успешно собиорање на оружјето согласно искуствата на другите земји од регионов се најчесто комбинирани. Од една страна тие подразбираат негово доброволно предавање, а од друга негова легализација, вели пандовски .

„Подобро е поголема количина на легално регистрирано оружје, отколку поголема количина на нелегално оружје за коешто апсолутно нема никаква евиденција и неговата употреба во криминални деликти едноставно ги отежнува истрагите“

Посточкиот закон за доброволно предавање на оружјето кој стапи во сила во јули годинава не ја олеснува постапката за легализирање и оттаму резултатот барем досега е поразувачки

„Според информациите коишто ние ги имаме, досега ниту еден граѓанин не дал барање своето оружје да го легализира“
XS
SM
MD
LG