Достапни линкови

Атина: Грција ги затвора касарните на границите со Македонија, Бугарија и Албанија


Грчката влада реши да ги затвори касарните на нејзините граници со Македонија, Бугарија и Албанија. Грчкиот министер за одбрана Јанис Папантониу, како што јавува МИА, изјавил дека одлуката била донесена поради тоа што веќе не е можно да се зборува за закана од север. Во тој реон во иднина ќе бидат распоредени мали единици кои главно ќе бидат задолжени за спречување на илегалните влегувања во Грција.
XS
SM
MD
LG