Достапни линкови

Македонија планира да аплицира за членство во ЕУ


Македонија планира да аплицира за членство во Европската Унија до крајот на годинава. Чекорот има своја логика оценува шефот на собраниската комисија за надворешни работи Теута Арифи:

„Не можете вечно да чекате и да меркате кога ви е најдобриот момент“

Основната причина е не само декларативното доближување на земјата до евроинтеграцијата туку и можностите што статусот земја кандидат ги отвора за Македонија, а тоа е пристапот до стурктурните фондови кои за земјите до западниот Балкан и покрај надежите не беа отворени на самитот во Грција вели вицепремиерот Радмила Шекеринска:

„Структурните фондови се даваат на располагање на земјите кандидатки. Затоа ни е битна апликацијата. Треба да го добиеме статусот кандидат, за да можеме да ги користиме можностите што ни ги даваат структурните фондови. Тука нема прескокнување на чекори, или тоа е можно многу ретко“

Клучниот аргумент што владата планира да го презентира во барањето за апликација е завршувањето на европската воена мисија и планираното завршување на парламентарната постапка за пакетот закони за децентрализација.

„Крајот на годината и почетокот на идната година, од легислативна гледна точка. Законите кои се поврзуваат со Охридскиот рамковен договор ќе бидат поминати во Собранието. А и другите политички моменти одат во прилог на истакнување на кандидатурата“

Во амбицијата за евроинтеграција владеачката коалиција ја има подршката на најголемата опозициона партија. Но, резервите постојат

„Јас во овој момент не гледам дека сме мрднале некаде подалеку во делот на политичките критериуми, а уште подалеку сме во областа на економските реформи. Оттаму, аплицирањето без зад него да стојат конкретни факти и поместувања напред, по мое длабоко убедување ако се стори сега ќе биде преурането и ќе се сведе само на гол политички гест“

вели Слободан Чашуле. Резевите се присутни и во владеачката гарнитура Теита Арифи вели:

„Не треба да имаме илузија дека се ќе оди толку лесно“

Оттаму најавите за поднесување е апликација се сеуште само декларативни. Подготовките но и конечната одлука сеуште се предмет на проценка:

„Нашата обврска не е само да дојдеме со парче хартија и да го ставиме на нечија маса. Наша обврска е пред тоа да создадеме атмосфера во која тоа парче хартија ќе биде оценето како паметен чекор“
XS
SM
MD
LG