Достапни линкови

Не оставија на улица


„Свекрва ми не работи, и свекор ми не работи, мажот ми не е вработен –технолошки вишок е, и јас сум технолошки вишок“
„Без приходи сум. Егзистенцијата што ја имав ми ја укинаа, ме оставија на улица. Имам две малолетни деца – ќерка од 12 и син од 8 години, а сопругата не ми работи“


Ова е исповедта на Рајна Јаневска од неодамна прогласена за технолошки вишок во јавното претпијатие за стопанисување со стамбен и деловен простор и Љупчо Наумов од електро - стопанство кој исто така се најде на листата на која беа испишани имињата на оние лица кој мора да ги напуштат своите работни места од оваа компанија. Се работи за двајца луѓе кои се преставници на армијата работници кој во името на реформите за подобро утре ги губат своите работни места, а со тоа и можноста за обезбедување на основна егзистенција.

„Моментално се крпиме со тоа што сопругата тргала нешто на страна. Но, тоа буквално ќе трае уште два-три дена, а понатаму ќе мора да собираме од контејнери“
„Маж ми се мачи. Оди на пазар, што ќе извади прекупува, да извади за јадење и за децата за на училиште. Станува во два по полноќ и останува до вечер до шест часот“


Проблемот е што за овие лица чии живот е прикаска сама за себе, по губењето на работното место и исплата на законските максимум осум опремнини, остануваат без социјална помош.

„Сега ми велат пак да бидам социјалец, а од друга страна не ми даваат социјална помош. Јас не знам како ќе се живее“
А сето тоа се рефлектира врз децата, чии родители се само бројка во списокот со имиња кој треба да си заминат од компанијата, министерството здраствениот дом.

„Ќеркава ја прекрати уѓината во училиште. 450 денари е хранарината. Таа ми вели: тато, мене не ми се јаде во училиште, не ми се допаѓа храната. А знам што е поентата.“

И додека Љупчо и Рајна го бараат одговорот како понатаму светската банка ги сумира резултатите на владата, дали спроведеното се рализира, извештајот вели 1100 вработени се отпуштени од електро стопанство, 310 од јавното претпијатие за стопанисување со станбен и деловен простор, 1200 од здраството или до крајот на годината 4% од вкупниот број на вработените во јавната администрација ќе останат без своите работни места.

Последните статистички податоци велат бројот на невработените во Македонија расте и тој изнесува 385 илјади невработени лица.
XS
SM
MD
LG