Достапни линкови

Почина Алија Изетбеговиќ


Во Сарево вчера на 78 години почина Алија Изетбеговиќ поранешен претседател на Босна и Херцеговина и потписник на Дејтонскиот мировен договор од 1995 година со што заврши три годишната нај крвава војна на Балканот и во Европа по Втората Светска Војна.

Алија Изетбеговиќ кој се повлече од активната политика во 2000 година велеше дека негов најголем успех е што спречи Босна да стане дел од Голема Србија, а дека негов најголем неуспех е што не си го исполни сонот за обединета демократска и преосперитетна Босна и Херцеговина. Како и да е Алија Изетбеговиќ можеби не успеа во тоа, но велат дека ке остане запаметен како човек кој помогна Босна да го преживее три-годишното брутален меѓу етнички конфликт. Како млад човек се идентификуваше со групата ,, Млади Муслимани,, оцената како тврдокорна по што од тогашниот режим беше испратен во затвор на два пати поради пан исламски активности. Длабоко религиозен човек, иако обвинет за фундаментализам, Изетбеговиќ во своите јавни настапи го гледаше исламот како дел европскиот карактер на Босанското муслиманско општество. Во 1990 тој влета во политиката како лидер на Странката за Демократска Акција и на првите парламентарни избори истата година со Српската Демократска Партија и ХДЗ ја формираше коалиционата влада во која ги немаше комунистите. Изетбеговиќ беше избран за претседател. Тој беше еден од ретките лидери на просторите на бивша Југославија за кого велат посматрачите дека не може да биде обвинет за потикнување на војната и етничката омраза. По референдумо во Мај 1992 Изетбеговиќ прогласи независност на Босна и Херцеговина. Босанскиет срби го бојкотираа референдумот и започна војната за контрола на земјата. Тој за разговорот со пратеникот на Европската Унија Лорд Карингтон тогаш кога војната стануваше стварност изјави

„Тој ми рече. Добро што ке правите. Јас му реков дека ке се бориме. Тогаш Карингтон замолче за момент ме погледна во очи и ме праша. Како мислите да се борите. Јас му одговоровив дека немаме избор. Или ке се бориме или ке се предадеме, а ако се предадеме ке бидеме убиени.“

Подоцна Изетбеговиќ чувствуваше дека е тој и неговите луѓе се предадени од меѓународната заедница, а коко најголенм пример ја посочуваше Сребреница која иако под протекторат на Обединетите Нации не беше бранета воено како што налагаа обврските. Седум илјади муслимани беа убиени од силите на босанските срби. Изетбеговиќ на крајот од 1995 заедно со Српскиот и со Хрватскиот претседател Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман го потпиша во ОХајо Дејтонскиот мировен договор. Следната година беше избран за претседател на три членото босанско претседателство. Во годините што следеа имаше обвинувања за корупција и малверзации меѓу членовите на сите три национални партии во Босна што Изетбеговиќ не го негираше во суштина туку само во обимот. Во јуни 2000 –тата тој се повлече од политичкиот живот поради слабото здравје. Неговата политички живот и одлуките се различно интерпретирани, а тој секогаш велеше дека се од интерес на Босна. Алија Изтебеговиќ во говорот по завршувањето на војната по неговиот реизбор во босанскиот парламент рече дека ,, Не постојат лоши луѓе, постојат само лоши лидери.
XS
SM
MD
LG