Достапни линкови

Газа: Лидерот на Исламски Џихад го преживеал воздушниот напад на неговата куќа


Лидерот на Исламски Џихад Абдула Шама го преживеал неповреден израелскиот воздушен напад врз неговата куќа во Газа, јавија агенциите. Исламски Џихад ја презеде одговорноста за повеќе напади врз Израел, а овој напад доаѓа по убиството на тројца израелски војници од заседа на Западниот брег за што одговорноста ја презеде бригадата Ал Акса вооружена група поврзана со фракцијата Фатах на палестинскиот лидер Јасер Арафат. Си Ен Ен јави дека израелците извеле уште еден воздушен напад во Газа.
XS
SM
MD
LG