Достапни линкови

Рим: Беатификација на Мајка Тереза


Церемонијата на беатификација на Мајка Тереза денеска се одржува во Рим на плоштадот Свети Петар. Со свечената служба раководи поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори. Чинот на беатификација е чекор кон нејзино прогласување за светица. На оваа церемонија присуствува и многубројна македонска делегација, предводена од претседателот Борис Трајковски. Во составот на македонската делегација се и претставници на владата, на верските заедници во Македонија, како и делегација од Скопје, родниот град на Мајка Тереза. Низа на активности во чест на Мајка Тереза се одржуваат и во Калкута, градот каде таа почина во 1997 година.
XS
SM
MD
LG