Достапни линкови

logo-print

Македонија на врвот на Европа


Процесот на осиромашување на македонските граѓани има постојан раст од деведесетите гиодини па наваму. Независноста, воведувањето на пазарната економија, воените конфликти во регинот, нарушената безбедносна состојба во земјата, предизвикаа многу подеми и падови во македонската економија. Меѓутоа она што е загрижувачки е податокот дека растот на сиромаштијата белеЖи тренд на рапиден раст последните години што директно се врзува со постојаниот раст на невработеноста во земјата, вели Ајрија Чаушевска од Заводот за статистика. Мерењето на сиромаштијата што заводот ги користи од анкетата на потрошувачка на домаќинствата според Чаушевска покажува дека линијата на осиромашување според последните мерења за 2001-та година изнесува 22,7, во споредба со девет насто во 95-та година на пример:

„Стапката на сиромаштија за 2000 година беше 22,6 насто. Додека за 2001 година 22,7. Меѓутоа, овој пораст ќе биде многу поголем за 2002, во тек се обработките и очекувам стапката на сиромаштија за 2002 година да биде многу повисока.“

Главно најсиромашни слоеви според Чаушевска, традиционално се домакинствата со ниско образовна струтура, семјствата во селските средини и онаму каде речиси ниден член од семјството нема работа. Но она што загрижува е дека сега процесот оди во насока на осиромашување и меѓу семјствата во градските средини, па и во главниот град на земјава

„Очекуваме голема процентна стапка на сиромаштија и за градот Скопје што би изнесувал 13 насто.“

Најголем дел од граѓаните пак, се снаоѓаат на неформалната берза на трудот, за да се преживее велат, работа нема, ништо подобро не е ниту со пензионерите:

„Се живее многу тешко сега, особено во последните години се потешко и потешко. Ако не се снајдеш вака како јас што сум излезена да продадеш нешто да извадиш некој денар ќе нема леб да се јаде. Работи и мажот ми, ама плати не даваат.“

„Се живееше подобро пред десетина години во златниот комунизам, се беше подобро, имаше и за богатиот и за сиромашниот. За сите имаше.“


„Супер живееме, само што немаме пари. Тоа е лошо. Пензионери, со четири пет илјади, што да правиме. Кога ќе брцнеш во џебот кога ќе видиш дека немаш пари џабе ти е се да планираш.“

Излез од сиромаштијата вели Чаушевска е во отворање на нови работни места, во 2003-та бројката на невработени достигнува дури 315 000 според Заводот за статистика, оттаму и податоците од најновата анкета на заводот за сиромаштијата зборува за нејзин рапиден пораст:

„Стапката на невработеност во 2003 изнесува 36,7, во однос на 2002 година имаме пораст од 5,2 насто. Според сите индикатори со коишто ние располагаме и ги споредуваме со земјите од регионот и Европа, ние се наоѓаме на прво место според оваа стапка на невработеност.“
XS
SM
MD
LG