Достапни линкови

Букурешт: Референдум за измени во уставот за усогласување со ЕУ


Во Романија денеска започна дво-дневниот референдум за измени на Уставот кои се во насока на усогласување со легислативата на Европската Унија. Станува збор за измени со кои на странци ќе им биде овозможено да купуваат земјиште во Романија кога таа ќе стане членка на Унијата, подобра заштита на приватната сопственост и укинување на задолжителното служење војска.
XS
SM
MD
LG