Достапни линкови

Лидерите тврдат дека не се исполитизирани, учениците и студентите не се согласуваат


Средношколски и студентски протести заради одредена политичка одлука стануваат пракса во македонското секојдневие. Нивните лидери пак, токму нив ги користат како отскочна даска за влез на голема врата во политиката. Ставот на експертите е познат, според нив станува збор за мешање на политиката во образованието. Емилија Симовска, од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања и поранешен министер за образование вели:

„Не се младите тие на коишто им текнува дека утре треба да протестираат заради одредена политичка одлука. Некој тоа им го кажува. Половината од тие средношколци, сигурна сум, не отвараат весници и не се во тек со одлуките на владата или на министерството за образование“

Лидерите на студентските организации пак, велат дека не станува збор за политизираност:

„Во Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите студентски организации коишто ги претставуваат студентите, секако дека постои политика, пред се заради тоа што се работи за студентска политика“

„Не се мешаме во политика, туку ние си ги знаеме своите реални проблеми во средното образование и се трудиме што пообјективно и поефикасно да ги решаваме“


Велат лидерите на Сојузот на студенти на Македонија Марија Стамболиева и Унијата на средношколци Златко Јанаковски.

Но, од друга страна пак средношколците и студентите чии претставници се тие имаат различно мислење. На прашањето дали нивните организации ги застапуваат нивните интереси и работат ефективно тие велат:

„Не ги застапуваат. Се гледаат политички“
„Секоја дополнителна активност којашто би требало да биде организирана од студентскиот сојуз во моментот е нешто неопходно и треба уште повеќе да се работи на тоа“
„Сметам дека е многу исполитизиран – и претходниот, и сегашниот сојуз. Јас сум активенј во студентски активности, меѓутоа сметам дека во класичниот Сојуз на студенти и покрај големата политичка поддршка можат многу повеќе да направат“
XS
SM
MD
LG