Достапни линкови

logo-print

Брисел: Самит на ЕУ


На вториот ден од самитот во Брисел, Европската Унија покрај европскиот устав, ја разгледува декларацијата за Ирак во поглед на вчера донесената резолуција на Обединетите Нации за оваа земја. Во декларацијата се потврдува одлуката на Брисел да издвои 200 милиони евра за Ирак и се наведува листа од услови кои преставуваат загриженост на Брисел за политичкта и економската обнова на земјата. Европската Унија, како што се наведува, треба да изрази загриженост за иранската нуклеарна програма и да упати повик до палестинците за пожестоки напори против милитантите. Европската Унија на самитот во Брисел во документот што треба да биде издаден го поздрави и дијалогот меѓу Белград и Приштина како есенцијален чекор кон нормализација на односите.
XS
SM
MD
LG