Достапни линкови

Придонес за зголемен прилив на странски капитал


Преку системот Семо лет, седум берзи од југоисточна Европа го реализираат проектот меѓусебно информативно поврзување. Од почетокот на следната година членките најавуваат и можност за тргување со хартиите од вредност на компаниите лоцирани во овие земји:

„Со овој проект фактички се обезбедува информатички интернет портал за седум берзи во овој регион: Љубљана, Вараждин, Сараево, Бања Лука, Белград и Скопје, со интенција тоа да се прошири и на берзите во Софија, Букурешт, Варшава, Прага, Будимпешта итн.“

вели Евгениј Зографски, директор на македонската берза.

Влегувањето во ваков систем подразбира достапност на информации за потенцијалните инвеститори за околу 2000 хартии од вредност, а на кој пазар учествуваат 180 брокерски куќи и компании:

„Кон овие 2000 хартии од вредност некаде 400 се активни и со нив се тргува. На овој пазар најголема капитализација има Љубљанската берза со околу девет милијарди евра, потоа берзата во Вараждин. Нашата берза е некаде околу 10 насто од оваа вредност, некаде околу 1,5 до 2 милијарди евра има пазар на капитализација.“

Пристапот до информации ќе значи можност за поголем промет на хартиите од вредност меѓу инвеститорите од различни земји од југоисточна Европа.

„Овие 170 членки на берзата, во овие седум берзи во регионот сега, преку интерната апликација, во реално време може да следат што се случува на секоја берза поодделно,“

е ставот на Иван Штериев од македонската берза.

Како главен инвеститор на проектот се јавува Словенечката берза, која е и најголема берза во друштво на останатите седум берзи. Идејата е да се забрза активноста на словенечките бизнисмени на пазарите на југо источна европа преку поголема достапност на информациите.
XS
SM
MD
LG