Достапни линкови

Усвоен Договорот со САД за меѓународниот кривичен суд


Се решивме да го потпишеме договорот со САД за изземањето на американските државјани од меѓународниот кривичен суд поаѓајки од стратешките интереси на нашата земја, рече во своето образложение пред пратениците заменик министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ:

„Пред се се раководевме од есенцијалниот приоритет да обезбедиме долгорочна стабилност и безбедност на земјава, а со тоа да обезбедиме и услови за иден економски просперитет на граѓаните на Република Македонија како основен предуслов за остварување на примарната стратегиска цел, зачленување на Република Македонија во евро-стлантските структури.“

Овој договор инаку беше потпишан на 30 јуни годинава. Но, и покрај тоа што тогаш владата најавуваше дека договорот ќе биде потпишан под уставното име тоа не се случи. Во договорот стои Влада на Македонија и влада на САД, а не Република Македонија што предзвика реакции во јавноста.

„За прв пат по осамостојувањето потпишавме прв правен документ со САД со употреба на името Македонија. Морам да ве потсетам дека за разлика од претходниот период, овој пат на рамноправно ниво во текот на една година потпишавме документи од посебно значење со САД со употреба на името Македонија. Ова нема да има влијание на нашиот пат кон евро интеграциите. Тоа го потврдува и посетата на претседателот на европскиот парламент господинот Пат Кокс и пораките што во таа прилика ги соопшти“

објасни заменик министерот Хасановиќ.

Политичките партии во Македонија без разлика дали се работи за партиите кои партиципираат во владата или пак опозицијата се изјаснија дека го поддржуваат договорот.

„ЕУ и нејзините држави членки треба да имаат разбирање за ова прашање од нашите односи со САД, како што ние, Република Македонија, имаме разбирање и толеранција за нивниот став во спорот со името меѓу нас и една држава членка на ЕУ.“

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува и ќе го ратификува овој договор затоа што во свеста и пред очите и на нашите клупи се интересите на нашите граѓани тоа да биде нашиот влез во Европа, како давач на безнедност и давач на вредности, а не како корисник,“

рекоа Каролина Ристова од СДСМ и Слободан Чашуле од ВМРО ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG