Достапни линкови

logo-print

Малезија: Малезискиот премиер ги повика муслиманите во светот да се обединат


Малезискиот премиер Махатир Мохамад, отворајки го самитот на Организацијата на Исламската конференција, што се одржува во Малезија, ги повика муслиманите во светот да се обединат против притисоците врз исламот. Главни теми на самитот се израелско – палестинскиот конфликт и состојбата во Ирак. Рускиот претседател Владимир Путин, кој е гостин на самитот, изјави дека руските муслимани се нераскинлив дел од мулти-етничка Русија.
XS
SM
MD
LG