Достапни линкови

Азербејџан: Претседателски избори


Во Азербејџан денеска се одржуваат претседателски избори. Актуелниот шеф на таа држава осумдесет годишниот Хајдар Алиев е болен и е хоспитализиран во Кливленд. Меѓу осумтемина кандидати за претседател е и синот на Алиев, премиерот Илхам Алиев. Меѓународните организации кои имаа многу забелешки за предизборната кампања наведуваат дека поради тоа под прашалник е доведена и регуларноста на денешното гласање во Азербејџан.
XS
SM
MD
LG