Достапни линкови

Вашингтон: САД до крајот на денот ќе побараат гласање за резолуцијата на Ирак


Соединетите Држави соопштија дека до крајот на денов ќе побараат од членките на Советот за безбедност на Обединетите Нации да гласаат за предлог резолуцијата со која би требало да се обезбеди поголема меѓународна поддршка во обновата на Ирак. Соединетите Држави, како што се наведува, имаат обезбедено девет гласови што е минимумот таа да биде и одобрена. Сепак, постои извесно страхување гласањето да не успее доколку амбасадорите на Русија, Франција, Кина или Германија не се појават на седницата на Советот за безбедност.
Соединетите Американски Држави со вето ја блокираа резолуцијата на Советот за безбедност со која требаше да се осуди Израел поради градењето безбедносна бариера на западниот Брег. Објаснувајќи ги причините за ветото, американскиот амбасадор во Њујорк Џон Негропонте изјави дека во резолуцијата, предложена од Сирија, не се осудуваат самоубиствените напади врз изарелците.
XS
SM
MD
LG