Достапни линкови

Акцент на економската соработка


Признавањето на Македонија под нејзиното уставно име, подршката на териотирјалниот интегритет и непроменливоста на границата, особено подршката во времето на воениот конфлик во земјава се примери на извонредно добрите политички односи со Руската федерација. Време е овие односи да бидат валоризирани на планот на економската соработка, вели премиерот Црвенковски пред почетокот на тридневната инаку прва официјална посета на Русија:

„Ние сакаме повторно рускиот пазар да биде отворен и пристапен за производите од нашето земјоделие, од нашата прехранбена индустрија, тутунската индустрија, текстилната индустрија, за нашето градежништво. Од друга страна, сакаме да ја искористиме оваа прилика и да ги презентираме нашите можности, но и нашата отвореност за руските инвестиции во Македонија“

Русија е извонредно голем пазар за македонскте прозиводи. За жал и во однсоите со оваа земја бележиме дефицит вели портпаролот на минситерството за економија Гоце Пачемски:

„Дефицитот што се остварува зафаќа 10,4 насто од вкупниот дефицит што го создава Република Македонија во светот. Проблемот е тоа што не задоволува не само обемот на трговската размена, што според можностите на рускиот пазар е многу мала. Ние со Словенија правиме иста размена. Второ, ние увезуваме 100 милиони долари енергенси, а не извезуваме речиси ништо, односно извезуваме многу малку – вино во износ од 500 илјади долари, нешто тутун, нешто текстил, но сето тоа е малку во однос на тоа што можеме ние да го понудиме, а Русија да го апсорбира“

Една од доминантините теми е и неодмна завршениот спор околу долгот на поранешниот Советрски сојуз кон македонија кој изнесува околу 60 милиони амреикански долари. Предлогот на Русија е долгот да биде исплатен со инвестиции во енергетскиот сектор како Што е изградбата на хидроцентралата матка два, реконстукција на РЕК Битола и изградбата на гасниот прстен околу Скопје. Во рамките на посетата ѓе бидат потпишани и неколку билатерални договори барањето на Македонија за потпишување договор со Москва по теркот на оној што го имаме со Европската Унија за повластени царнски стапки за извоз на наши производи на рускиот Пазар засега без одговор од Москва.
XS
SM
MD
LG