Достапни линкови

Во подготовка Декларација за заштита на правата на детето


„Имаш десет денари?“

Ова се најчесто зборовите на малолетни деца кои ќе ве пресретнат буквално насекаде во градот, измолувајќи пари од случајните минувачи, во обид да се помине уште еден ден, од не по нивна вина, секојдневната сурова реалност. Деца бездомници кои просат, или пак обидувајки се да заработат, за малку пари забрзано ги чистат стаклата од автомобилите на возачите, нема да ве одминат низ градските улици, на главните сообраќајни раскрсници, на Камениот мост, околу градските кафулиња.

Сликата на незаштитени деца кои бараат милост од минувачите, е се почеста во градот. За секојдневнието на децата на улица, како што најчесто ги нарекуваат експертите, Емра и Алдена раскажуваат:

„Просиме со брат ми, што да правиме кога нема да јадеме. Ни даваат, зависи, 200 300 денари собираме. Ладно е, ама не спиеме на улици. Колку ќе извадиме и си одиме.“

Економската состојба во која се наоѓа државата, егзистенцијалните проблеми со кои се соочуваат голем број на семејства, неодминливо придонесуваат за се поголемо присуство на разни девијантни појави во кои поради својата емоционална и физичка незрелост, многу често жртви се децата. Потребата од нивна заштита, е тема за која размислуваат и пратениците во законодавниот дом. Во обид да се спречат овие девијантни појави и да се изгради здрава младина, група пратеници изготвија Декларација за заштита на правата на дететото.

„Првиот дел говори за улогата и заштита на семејството, со превентивните мерки онаму каде што родителите ги запоставуваат децата, ги искористуваат економски. Државата со административни законски мерки и други мерки да може да ги санкционира. Декларацијата исто така говори за можностите и условите што државата треба да ги создаде за ресоциализација на децата,“

вели пратеникот Благородна Мингова Крепиева, еден од изготвувачите на декларацијата, која како што потенцира треба да укаже владата да ја согледа потребата од целосно законско регулирање на прашањата кои се однесуваат на заштита на детето што во моментов отсуствува.
XS
SM
MD
LG