Достапни линкови

logo-print

Воздржаност и претпазливост


Македонија генерално позитивно, но и со воздржаност и претпазливост реагира на првата средба на Приштина и Белград држејќи се до мотото на меѓународната заедница за стандарди пред статус. Средбата ја поздрави претседателот Трајковски:

„Особено начинот на кој се пристапува, пред се да се разговара за секојдневните прашања и проблеми“

Тоа го стори и портпаролот на владата Сашо Чолаковски.

„Генерално, владата на Република Македонија ги поздравува разговорите меѓу официјален Белград и Приштина. На принципиелно ниво, Владата поддржува низ дијалог доаѓање до некакви солуции“

Поентата на македонската реакција на Косово ја изговори министерот за одбрана Владо Бучковски во едно интервју запрашан колку прашањето на Косово може да ја загрози Македонија:

„Мора да се биде себичен и да се штитат националните и државните интереси. Тоа значи дека во ниту еден момент не треба да се влезе во сценариото што некој го заговара дека при евентуалното решавање на статусот на Косово би била нарушена стабилноста и безбедноста, па дури дека би бил наруѓен и територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. За Република Македонија во овој момент е најбитна стабилноста, а статусот е во втор план бидејќи стабилноста на Косово има директни импликации врз стабилноста на Македонија“

Заложбите за стабилно Косово се присутни и во албанскиот дле од власта. Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели:

„Ние сакаме стабилно Косово со функционални институции што ќе обезбеди исто така Македонија да биде стабилна.“

Но, за разлика од возджаноста на македонскиот дле од власта, Ахмети како впрочем и сите репрезенти на албанскиот политички блок во земјава со недвосмислен став:

„Ништо лошо не ни доаѓа од независноста на Косово.“

Меѓутоа, за ова македонските партнери во коалицијата сеуште со резерви:

„Најнапред таму треба да се изградат цивилни институции, да се оствари владеење на правото на целата територија и институции коишто ќе го гарантираат тоа, а подоцна да се расправа за статусот. Инаку, ние како непосредни соседи на северниот дел од границата сме исклучително заинтересирани за мирот и стабилноста, односно за она што значи сигурни граници“
XS
SM
MD
LG