Достапни линкови

Постигнати договори за три важни прашања


Не сум тука да ја промовирам црногорската желба за независнот туку да ја реализирам економската сувереноста на Црна Гора, изјави шефот на црногорската држава Филип Вујановиќ по разговорите со неговиот македонски колега Борис Трајковски и премиерот Бранко Црвенковски.

„Направивме договор за три многу важни прашања, тоа е прашањето за заедничко обраќање до УНМИК на Косово за да се обезбедни коридор преку кој ќе поминува македонската стока преку Косово до Црна Гора и обратно, потоа отворањето конзулат на Македонија во Црна Гора како што тоа го направија сите поранешни Југословенски републики и ја потврдивме претстојната средбата меѓу премиерите на Македонија, Албанија, и Црна Гора,“

изјави Вујановиќ.

Разговарано е и за заедничката борба против тероризмот, организираниот криминал, нелегалната трговија со наркотични дроги, нелегалната миграција, за што веќе владите на двете земји имаат потпишано договор за меќусебна соработка на овој план.

Соработката меѓу двете министерства покажа и конкретни резултати велат во МВР посочувајки го случајот со балканскиот бос на проституцијата Дилевер Бојку кој пред неколку месеци беше приведен на црногорска тертироја а потоа екстрадиран во Македонија. Црногораскиот претседател во тој контекст изјави:

„Тоа покажува дека црногорската полиција е во состојба да апси лица кои се бараат со потерници е се од висок ранг на криминалци, да ги екстрадира и на тој начин квалтетно с бори против организираниот криминал,“

изјави Филип Вујановиќ.
XS
SM
MD
LG