Достапни линкови

logo-print

Прв важен чекор во односите меѓу Србија и Косово


На денешната средба во Виена не дојде до директен дијалог меѓу делегациите на Белград и Приштина. Сепак, учесниците по разговорите изјавија дека станува збор за прв, но важен чекор во односите меѓу Србија и Косово и оти треба да се продолжи на тој пат. На прес конференцијата еврокомесарот за надворешна политика Крис Патен, изјавувајќи дека било успех и тоа што двете делегации се состанаа, додаде оти од виенскиот состанок и не можеа да се очекуваат некакви спектакуларни резултати. Шефот на УНМИК Хари Холкери, од своја страна, соопшти дека било договорено во идниот месец да бидат формирани работни групи кои ќе бараат решенија за проблемите во четирите сфери кои беа тема на денешната средба: сообраќајот, енергетиката, враќањето на бегалците и судбината на исчезнатите лица. Состаноци како овој Виенскиот, според Џолијан Негеле, главен политички советник на меѓународниот администратор на Косово, не се очекува наскоро повторно да бидат организирани, барем не додека не бидат забележливи резултатите од договореното денеска.

„Не. Не мислам дека наскоро нешто вакво пак ќе биде организирано. Може да има состанок за проценка колку е остварено од планираното, но за шест или девет месеци.“

рече Негеле за Радио Слободна Европа. Инаку, предвидено е овие работни групи да му поднесуваат на шефот на УНМИК Хари Холкери извештаи за постигнатото.
XS
SM
MD
LG