Достапни линкови

Почнаа разговорите за Косово


На разговорите зад затворена врата од српска страна учествуваат премиерот и вицепремиерот Зоран Живковиќ и Небојша Човиќ, а од косовска претседателот Ибархим Ругова и претседателот на парламентот Неџат Даци. Меѓународната заедница е претставена од шефот на УНМИК Хари Холкери, домаќинот на средбата австрискиот премиер Волфганг Шисел, генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон, претседавачот на ОБСЕ Јап де Хуп Схефер, дипломатскиот двоец на Европската Унија Хавиер Солана и Крис Патен, како и претставници на Контакт групата. Денешниот дијалог во Виена претставува значаен напредок на патот кон поголема стабилност на балканскиот регион, оценија Солана и Шисел пред
Косовската и српската страна да ги изнесат своите ставови за темите на оваа нивна прва средба од крајот на конфликтот во 1999 година. Станува збор за враќањето на раселените, расветлувањето на судбината на исчезнатите, сообраќајот и енергетиката. На разговорите не учествува косовскиот премиер Бајарам Реџепи што ја отвори вратата за сомневање за раздвоеност на Приштина и за ефикасноста на виенските резултати со оглед на тоа што токму косовската влада би требало да ги решава проблемите за кои се распарава.

„За почеток на разговорите владата не е неопходна. Тоа ќе биде потребно потоа.“

Изјави за Радио Слободна Европа Џолијан Негеле главен политички советник на меѓународниот администратор на Косово. На прашањето дали ваквите состаноци ќе продолжат и натаму и дали тие би можеле да се влечат во недоглед Негеле вели:

„Не. Не мислам дека наскоро нешто вакво пак ќе биде организирано. Може да има состанок за проценка колку е остварено од планираното, но за шест или девет месеци.“
XS
SM
MD
LG