Достапни линкови

Њујорк: Позитивни реакции на новата американска нацрт резолуција за Ирак


Шефовите на дипломатиите на Германија и Франција Јошка Фишер и Доминик де Вилпен оценија дека новата американска нацрт резолуција за Ирак преставува позитивен чекор напред поради одредувањето временски рокови. Во текстот, имено се бара од привремената ирачка влада до 15 декември да поднесе план за нацрт устав, како и да го одреди датумот за првите општи избори по падот на режимот на Садам Хусеин. Тоа е прв пат Вашингтон да наведе временски рамки. Франција, Русија и Кина бараа во нацрт резолуцијата да се одреди преносот на суверенитетот на ирачките власти. Новиот американски предлог го поздравија и исламските земји на денешниот состанок во Малезија.
XS
SM
MD
LG