Достапни линкови

Прашање е колку добро се води битката


Ја продолжува ли Македонија битката за освојување на сопственото име и ја води ли добро е прашањето на кое одвреме навреме по потпишувањето на времената спогодба и почеокот на перговорите 95-тата под закрилата на Обединетите Нации се поставува во јавноста. Во политиката секогаш најтешки се оние прашања кои се врзани за емоциите на луѓето, оценува профеосорот по меѓународно право Денко Малески:

„Па, ова е токму такво прашање, полно со емоции. Но, останува на владите на двете земји, со помош на посредниците, бидејќи посредниците не можат да наметнат решение, да најдат излез од оваа ситуација“

Прашањето за името е едно од приоритентните и стратешки прашања за оваа влада, платформата на преговарачкиот тим е позната и непроменета, изјави на една од ретките средби со новиннарите минисерката за надворешни Илинка Митрева:

„А тоа е дека уставното име на Република Македонија во меѓународната комуникација е за нас императив, а дека со Грците можеме да се договориме за достоинствена билатерална формула за комуникација“

Освен оваа позиција и спораднични кратки соопштенија за одржана рунда преговори обновени во април по едногодишната пауза и промената на преговарачките тимови на тема околу името како ништо да не се случува.

„Владата, за жал. Ги пропушта сите можни прилики за да воспостави цврст режим на разговори, за на нашиот јужен сосед му биде помогнато во тоа да си ги расчисти дилемите. Имено, прво треба да се инсистира на интензивирање на разговорите, да се инсистира на надминувањето на конфузиите кај нашите власти. Потоа, да се инсистира тврдо кај нашите сојузници и тие малку похрабро да настапат, наместо некакви толеранции што ги покажуваат кон Грција, за на Балканот да не постои уште еден дежурен оган. Да не ги охрабрувааат сите оние коишто на Балканот создаваат проблеми, односно сакаат да создаваат проблеми. Едноставно, аргументите не се само македонски во случајот и тие мораат да бидат регионални, односно стратешки“

оценува Ѓунер Имаил. Обидот според Исмаил потпишувањето на договорот со Соединетите Држави за изземање на американските државјани од меѓународниот кривичен суд да се претстави како чекор напред во решавањето на спорот со името, теза што ја застапува владеачката структура е тотално промашена работа:

„Мислам дека тука и себеси се лажат, а ја лажат и јавноста“
XS
SM
MD
LG