Достапни линкови

Анкара: Синоќа убиени четворица курдски бунтовници


Турските војници, како што јавуваат агенциите, во вчерашните борби во источниот дел на Турција убиле четворица курдски бунтовници. Воени извори во Анкара потврдиле дека тие биле убиени за време на операцијата против бунтовниците на Курдската работничка партија во провинцијата Тунчели. Во изминатата недела, по неколку месечно затишје, зачестија борбите меѓу турските војници и курдските бунтовници во кои од 1984 година досега загинале над триесет и шест илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG