Достапни линкови

Приштина: Албанската страна сеуште не донела одлука дали ќе учествува на дијалогот во Виена


Претседателот на Косово Ибрахим Ругова реши да учествува на првиот состанок со претставници на Србија и Црна Гора закажан за во вторник во Виена, но доаѓањето на другите косовски претставници се уште е неизвесно. Премиерот Бајрам Реџепи синоќа, по консултациите со меѓународните претставници во Приштина, изјави дека албанската страна се уште не донесла одлука дали ќе учествува на овој дијалог. За денеска е закажана нова средба на политичките лидери на косовските албанци со претставници на меѓународната заедница на Косово.
XS
SM
MD
LG