Достапни линкови

Прилеп: Централна манифестиација по повод 11 октомври


,,Средба на генерации,, е мотото на централната манифестација што по повод Единаесетти октомври ќе се одржи вечер во Прилеп. Пред околу триста ветерани и гости, за шеесет и две годишнината од антифашистичкото востание во Македонија, ќе говори претседателот на Сојузот на борците Арсо Арсовски. Денеска и доделување на државните награди Единаесетти октомври Во областа на науката и образованието годинашни добитници се Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков и професор Љупчо Ајдински, дефектолог од Скопје. Во областа на културата и уметноста наградата ја добија кларинетистот Тале Огненовски и примабалерината Зоица Пуровска Велевска, а новинарот Борис Поп Ѓорчев е носител на наградата за остварување во новинарството.
XS
SM
MD
LG