Достапни линкови

Утре голем концерт на мега популарните Ирци Молоко


Напуштајќи ја востановената практика фестивалот „Скопје гори“ да се случува во една ноќ со неколку помалку или повеќе звучни имиња од Балканот и Европа, Авалон продукција како едни од посериозните промотери во земјава, се решија за еден поразличен концепт што бара и поинаков ангажман:

„Решивме под етикетата Скопје гори, скопско го гаси, да одиме со обични концерти на некој кој во моментот е реална светска атракција, со тоа да мора да се исполнат неколку услови за концептот да биде успешен. Значи, името кое го носиме да биде и квалитетно и популарно и да биде прогресивно. Мислам дека од Молоко не можевме да најдеме подобро име во моентов кое ги спојува сите овие три компоненти.“

вели Бобан Милошески, во пресрет на утрешното музичко случување за кое владее огромно интересирање во градов и државата воопшто.

И, разбирливо зошто се работи за топ состав чија приказна за успехот е типична за големите и значајни формации. Вокалистката Роисин Марфи и продуцентот Марк Брајдон кариерата ја почнаа во 1994 година. Веќе следната го објавуваат албумот Do You Like My Tight Sweater? На кој саканиот футуризам и несекојдневната текстуална сатирична лиричност ги мешаат со карактеристичниот звук на 80-тите. Две години подоцна следува I am not a Doctor, а во 1999 и Things to maked and Do, од кој е изваден планетарниот хит The Time Is Now. МОЛОКО во Скопје, во рамките на актуелната Европска турнеја, ќе го промовираат четвртиот албум Статуес кој многумина од критичарите го опишаа како албум со епски емоции и херојска музичка амбиција.

Инаку, овој концерт поради одбраното име и актуелниот момент е значаен и за натамошното поведение на домашните промотери за што Милошевски дополнува:

„Ако помине Молоко добро, а сите знаеме каде е Молоко на скалилото на популарност и на квалитет, ништо чудно да се одлучиме утре да донесеме и дупло поквалитетно и дупло покомерцијално име.“
XS
SM
MD
LG