Достапни линкови

Бројот рапидно се намалува, а експертите очекуваат трендот да продолжи


Етничката подвоеност, предрасудите и концептот од 2001-ва година, придонесоа младите Македонци и Албанци да склучуваат мешани бракови. Според податоците од заводот за статистика во последните две години, браковите помеѓу припадниците на различните етнички заедници во Македонија се се поретки во однос на поранешниот период. Минатата година, склучени се само осум вакви бракови, наспротив 20-тината судбоносни „Да“ што Македонците и Албанците ги кажуваа во годината претходно.

„Бројот на склучените бракови, многу зборува за социјалната блискост помеѓу етничките групи коишто живеат во поширок општествен контекст. Многу зборува за отвореноста, односно за затвореноста на етничките групи,“

вели Аница Драговиќ социолог од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, потенцијрајќи дека македонската заедница е затворена исто колку и албанската кога е во прашање брачното мешање. И покрај идеологијата за зближување на луѓето, етничката раздвоеност во Македонија постои во последните триесетина години со тенденција се повеќе да се зголемува. Конфликтот секако влијаеше за намалувањето на меѓуетничките бракови, но и без тоа, македонското општество и покрај тоа што е мултиетничко, често покажува аверзија кон мешаните бракови.

„Од 70-тите години процентот на мешаните етнички бракови опаѓа. Па, така ако во 78 година процентот на мешани етнички бракови е 7,8 насто, во 96 тој процент се намалува 6,5 насто. Значи, со константен тренд на намалување.“

Недостатокот од меѓусебна доверба, е производ на предрасудите што се длабоко вкоренети во луѓето, но и поради различните религиозни определби:

„Во Македонија имавме и социјална нетрпеливост, имаше воен конфликт. Не гледам можности за запознавање на деца од различна етничка припадност,“

додава Драговиќ.

Сопружниците мора да се справат со повеќе прашања, особено поради стереотипите што постојат кај двете страни, а се поголеми во помалите средини. Според експертите меѓуетничките двојки ќе бидат уште поретки. Ваквото тврдење е поткрепено поради тоа што луѓето веќе живеат во етнички чисти области, децата одат во различни училишта, а отпорот да се научи јазикот на другата етничка заедница е се поголем.
XS
SM
MD
LG