Достапни линкови

logo-print

Хаг: Карла Дел Понте оцени дека Хрватска и Србија недоволно соработуват со трибуналот


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте во извештајот до Советот за безбедност на Обединетите Нации оцени дека властите на Србија и на Хрватска недоволно соработуваат со трибуналот. Таа притоа прецизира дека тие и натаму ги држат клучните документи кои би биле доказ за вмешаноста на осомничените во воените злосторства во поранешна Југославија. Според Карла дел Понте, Хрватска не прави доволно за апсење на генерал Анте Готовина. Таа изрази увереност дека повеќето од половината од седумнаесете обвинети од Трибуналот, меѓу нив и Ратко Младиќ се криеле на територијата на Србија и Црна Гора.
XS
SM
MD
LG