Достапни линкови

Недостасува јасен концепт за приватизацијата на државните аптеки


Иднината на македонскиот пазар на лекови е во приватизацијата, но за да биде таа успешна потребен е јасен концепт кој во моментов недосасува оценуваат фармацевтите по најавите за приватизација односно воведување на концесионерство во државните аптеки.

Фармацевтите укажуваат дека актуелниот начин на работа на државните аптеки што го карактеризаира голем број на вработени во ситуација на нивна приватизација нема да може економски да ги издржат еконосмските законитости на пазарот и конкуренцијата.

„Државните аптеки сега имаат голем број вработени и ниедна математика не може да ги издржи нивните трошоци. Тие не би можеле да опстанат, ако продолжат да работат како акционери или со сопственици. Многу работи нема да им бидат јасни. Пред се, тие се фармацевти и немаат многу претходно знаење за управување. Тоа значи дека ќе мора дополнителен кадар од економисти или правници за да управува“

вели Раде Ивановски претставник на здружението на приватните аптеки. Тој додава дека во услови на приватизација на аптеките фондот исто така ќе мора да понуди договори за работа со нив кои нема да ја подразбираат досегашната политика на фондот кој го диктираше дотурот на лекови туку дека тој треба да има само улога на сервис.

„Не можеме да се однесуваме неодговорно. Досега Фондот финансираше плати на вработените, финансираше трошоци и дотураше лекови, што е апсурд во секоја држава. Неприфатливо е Фондот да дистрибуира лекови еднаш месечно во аптеките. Тоа му доаѓа како да добиваме помош од Америка и затоа многу често имаме недостиг на лекови во државните аптеки. Значи, мора да се разбие бирократијата во Министерството и во Фондот и во главите на луѓето да влезе таа реорганизација – дека ние се бориме преку конкуренција, преку снабденост, преку однос кон пациентите. Наша грижа е тие постојано да добиваат лекови“
XS
SM
MD
LG