Достапни линкови

Нема успешна реформа на јавната администрација без соодветна програма


Економските експерти во Македонија сметаат дека нема успешна реформа на јавната администрација без соодветна програма за тоа. Сеапк, професорот Трајко Славески смета дека веке се надминати првичните дилеми дека јавната администрација во земјава брои 120 000 луге..Чисто државните службеници се на број од околу 19 000 главно вработени во владините институции И тука смета Славески нема превработеност. Можеби проблемот е повеке во здравството И јавните претпријатија

„Образованието не би можело да се каже дека има некоја превработеност, затоа што беше една практика на претходните влади еден дел од „заслужните членови“ коишто немале работно место или менувале работно место, да наоѓаат уточиште во овие институции“

Хендикепот е смета професор Славески што кај нас сепак сеуште не е донесен законот за институции

„Реформата не може да се сведе само на отпуштање на луѓе по било кој принцип, како што е сега, заради намалување на нивниот број, туку потребна е програма. И отпуштањето да не биде со признак на некаков партиски реванѓизам со создавање на зла крв што ќе ги блокира понатамошните реформи. Кај нас е хендикеп што не е донесен законот за институции, што би можел да биде основа за развој на јавната администрација“

Оттука проблемот е што рецесијата што го зафати македонското стопанство не дозволува трансферирање на новотпуШтените во приватниот сектор, кој би моЖел да ги апсорбира масата невработени, вели Слаевски

„Треба кон сето ова да се приоѓа малку посуптилно, да се преземаат сите можности за предвремено пензионирање. Мислам дека последниве месеци има позитивно поместување, за разлика од почетоците, кога навистина се стекнуваше впечаток дека брутално и малку реваншистички се приоѓа во овој поглед“

И академик Таки Фити е на став дека реформата на јавната админситарција најнапред требаше да отпочне со соодветна програма

„Неа треба да ја прават домашни експерти, меѓутоа, во координација со Светската банка, бидејќи со ММФ работите стојат потешко, ММФ бара брзи заштеди, отпуштање на работници, намалување на платите, а тоа веќе создава сериозни социјални тензии во Републиката. Според тоа, треба да се осмисли програма – врз база на некои светски искуства и искуствата на земјите во транзиција – којашто ќе овозможи оние луѓе коишто се јавуваат како вишок во јавната администрација не да појдат во завод за вработување, туку едноставно да се трансферираат во приватниот сектор. Значи, да вршат услуги за приватниот сектор, да се издвојат од буџетот. Тука може да се врши приватизација на дејноста, може да се оди на одвојување на не толку битни делови од администрацијата коишто би вршеле правни или економски услуги за приватниот сектор итн.“
XS
SM
MD
LG