Достапни линкови

Багдад: Најмалку седум загинати во самоубиствен напад


Најмалку седум лица загинале во денешниот самобиствен напад со автомобил бомба врз една полициска станица во Багдад. Во нападот, според полициски извори, имало и дваесетина повредени. Денеска во Багдад бил убиен и аташето за информации на шпанското претставништво во ирачкиот главен град. Хозе Антонио Бернал бил застрелан додека излегувал од неговиот дом.
XS
SM
MD
LG