Достапни линкови

Протести на 310 отпуштени работници


310 те отпуштени работници од јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор денеска протестираа во дворот на компанијата. Не не гледајте само како бројки, ние сите сме човечки судбини сами за себе, кои на крајот од денот мора да им однесеме леб на своите деца е ставот на лицата кој добија отказни решенија, а кои своите работни места ќе мора да ги напуштат најдоцна до 6 јануари 2004 година.

„Директорот не повика на разговор и ни рече дека ние дваесет и двајца ќе сме биле на улица, бидејќи не сме биле пожелни за државата, а не за тие работни места“
„Само ми го дадоа решението. Немам поим што ќе правам сега, две години пред пензија“
„Јас сум самохрана мајка на две деца“
„Сам работам во фамилијата, жената ми е во „Газела“ и година и половина нема примено денар“


Отпуштањата се спроведени според правно неиздржан колективен договор, а бодирањата се вршени селективно односно само за однапред определените за прогласување на технолошки вишок, тврдат лицата кои ги загубија своите работни места.

„Колективниот договор во некои многу битни членови се коси со Законот за работни односи“

Како доказ дека целата постапка не е во ред се наведува фактот дека актуелната менаџерска структура вработила седум нови работници кои биле главните арбитри за тоа кој треба да остане, а кој ќе си замине од вработените кои веќе неколку години работат во ова претпријатие.

„Тие се најглавни во отпуштањето на работниците“

Отпуштените вработени најавуваат покренување на тужби до основниот суд, а поради неоснованото бркање од работа како што тврдат тие очекуваат судска одлука за враќање на старите работни места.
XS
SM
MD
LG