Достапни линкови

Намалени криминалните активности во поранешните кризни региони


По полициската акција во Брест минатиот месец и стационирањето на дополнителни полициски сили во кумановско липковскиот регион значително се намелени криминалните активности, оружените иниденти убиства и грабежи, велат во МВР.

„По континуираното присуство на полицијата во тој регион, има значително намалување на потешките кривични дела, што значи – обиди за убиства, убиства, разбојништва, тешки кражби со елементи на изведување на дрзок начин итн. Во изминатиот период, по преземени наши мерки, можат и граѓаните да се чувствиваат побезбедно кога се во прашање вакви кривични дела“

изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска која сепак не даде конкретен одговор на прашањето каде се наоѓаат водачите и припадниците на вооружените групи кои претходно ги предизвикуваа ваквите инциденти.

„Во изминатиот период стивнати се сите активности на теренот, но тоа не значи дека ние не ги следиме активностите на овие групи. Значи, не се присутни на теренот со извршување на кривични дела какви што беа во претходниот период. Тоа се должи на нашата континуирана присутност на теренот и на соработката со граѓаните и со претставниците на меѓународната заедница“

И градоначалникот на Арачиново Решат Ферати потврдува дека постои тренд на намалување на инцидентите, но посочува дека Арачиново е општина во која се стационирани најголем број полицајци во однос на состанатите општини во земјава.

„Во последно време нема инциденти. Состојбата е малку поинаква. Нема да се согласиме никогаш со тоа што Арачиново е една примерна општина каде што има највеќе полицајци, не знам од кои причини. Едно место каде што има многу полицајци, сигурно не е баш како што треба“
XS
SM
MD
LG