Достапни линкови

logo-print

Не сме во функција на политиката


Зар се работи во тоа училиште беше прашањето на еден родител од Скопје кој денеска како и многумина граѓани изрази љубопитност за тоа што навистина се случува меѓу учениците во „Арсениј Јовков“ кои продолжуваат да одбиваат настава во таа зграда да изведуваат албанските паралелки. Во воопштен одговор овој родител обидувајќи се самиот да даде објснување за она што стои во позадина на проблемот во образованието во државава што кулминираше годинава со неизведување настава во повеќе училишта во државава тој го посочи примерот со неговото дете:

„Преголемо внимание им се дава на политичарите. На пример, моето дете е прво одделение а ги знае политичарите подобро од мене“

Додека во јавноста деновиве се зборува оти во конретниот случај учениците во „Арсениј Јвков“ се ставени во функција на политиката која го бранува меѓуетничкиот соживот во разговорот со многумина ученици од ова училиште во скопската населба Чаир во која живее население од мешан етнички состав се добива впечаток дека тие зборуваат во еден тон, а во кој тие исклучуваат дека станува збор за меѓуетничка нетрпеливот.

„Немаме место, одиме чекор назад. Тие услови што ги имаме ние во училиштето ни се одземаат. Немаме настава во кабинетите што ни се потребни за да учиме по ФАРЕ програмата што ја применуваме“

„На секој начин се враќаме назад. Изјавуваат дека нас не тераат професорите да штрајкуваме. А тоа не е воопшто точно. Самите да одиме чекор напред, а не назад“


Поткрепувајќи го објаснувањето дека во ова училиште нема проблеми на меѓуетнички план тие упатуваат на податокот дека и до сега во оваа зграда заедно со македонските парлелки учеле ученици Албанци кои наставта ја изведувале на македонски јазик. Еден од нив е Мустафа кој прашан дали ги поддржува протестите на неговите соученици Македонци штуро одговори:

„Не знам како да кажам“

Родителите на учениците Македоци кои ги поддржуваат протестите на нивните деца во меѓувреме оценуваат:

„Ние во оваа населба живееме со Албанци и навикнати сме на соживот. Туку, мене ме чуди само една работа: зошто тој соживот се нагласува само кајшто има мешовито население? Каде е тој соживот во Корчагин, или во Борис Кидрич да однесат две паралелки? Или, каде е тој соживот во Јосип Броз или во Орце Николов? Треба ли соживот низ цело Скопје?“

Еден друг родител вели оти се сомнева дека институциите имаат воопшто стратегија и се упатени во она што се случува во образованието во земјава и во таа смисла порача:

„Највеќе трпат децата, а не некои други. Тие си седат во канцеларија и не знаат каде се наоѓа училиштето Арсениј Јовков. Нека дојдат, барем да видат каде е училиштето“
XS
SM
MD
LG