Достапни линкови

Сирија: Сирискиот претседател го обвини Израел


Сиријскиот претседател Башар ал Асад го обвини Израел дека со воздушните напади на сириска територија викендот сака да ја вовлече Сирија и целиот Блиски Исток во поширок конфликт. Ал Асад во првото обраќање по израелскиот напад врз наведениот палестински тренинг камп, рече дека е тоа обид да се сврти вниманието од кризата на палестинските територии. Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера изјави дека нема да се воздржува од напади врз непријателот каде и да се наоѓа. Американскиот претседател Џорџ Буш пак изјави дека израелскиот напад е дел од кампањата за одбрана на земјата.
XS
SM
MD
LG