Достапни линкови

logo-print

Македонија меѓу 106 и 113 место


Tранспареси Интернешенел ја објави листата за моменталната корупција во 133 држави во светот. Македонија е во групата меѓу 106 и 113 место со индекс од 2,3 поени. Индексот 10 значи високо ниво на чесност односно земја без корупција, а нула највисок можен степен на корупција.

Индексот 2003 е реализиран благодарејки на податоците од 17 истражувања извршени од 13 независни институти. Проценките за корупцијата се дадени од бизнис кругови, универзитетски стручњаци и аналитичари на ризикот. Според податоците на оваа невладина организација, најкорумпирани држави во светот се Бангладеш, Нигерија и Хаити. Корупцијата како ендемска појава е регистрирана и во Парагвај, Мајмар, Таџикистан, Грузија, Камерун, Азербејџан, Ангола, Кенија и Индонезија, односно тоа се оние држави со под два индексни поени. Од друга страна најдобро на овој план стојат Финска, Исланд Данска и Нов Зеланд. Во овие држави со 9, 7 односно 9, 5 поени постоји високо ниво на чесност. Македонија меѓу овие 133 држави е во групата со 2, 3 индексни поени, односно заедно со Украина, Србија и црна Гора Боливија, Хондурас, Судан и Зимбабве го дели од 106 до 113 тото место. За споредба, Албанија е на 92, а Бугарија на 54 место. Миклош Маршал извршен директор на Транспареси за Централна и Источна Европа вели дека некои земји како Хрватска со 3,7 и Босна со 3,3 поени, сепак можат да најдат утеха и покрај лошиот резултат.

„Фактот е дека истражувањата покажаа оти во овие земји започна да работи меѓународниот бизнис, а тоа е добра вест. Всушност тоа значи дека надворешниот притисок врз нивните влади ке биде уште посилен за да сторат повеќе во борбата против корупцијата.“

Според претседателот на Транспареси Интернешенел Питер Ајген, земјите со високо ниво на корупција не треба да бидат казнувани бидејки токму ним им е најпотребна практична помош и подршка од развиените. Лидерите на неразвиените држави, вели претседателот на Транспареси Питер Ајген, за таа цел треба да изградат национални стратегии за борба против корупцијата.
XS
SM
MD
LG