Достапни линкови

logo-print

Арнолд Шварценегер нов гувернер


Арнолд Шварценегер е избран за нов гувернер на американската држава Калифорнија. Според првичните резултати од изјаснувањето за отповикување на сегашниот гувернер Греј Дејвис, познатиот актер Арнолд Шварценегер, кој во Соединетите Држави дојде од Австрија доби мнозинство од гласовите на жителите на една од најбогатите американски држави.

Кандидатот на републиканците Арнолд Шварценегер во победничкиот говор во Лос Анџелес изјави дека ја прифаќа функцијата и оти ќе работи за да ја врати довербата на владата

„Првиот избор што мора да го направиме е да го детерминираме нашиот успех. Дали ќа ја обновуваме нашата држава заедно или дали ќе се бориме меѓу себе и со тоа ќе ги продлабочуваме разликите. Да ви кажам нешто, Одговорот е јасен: За да победи народот, политиката, како и вообичаено, мора да загуби.“

Рече Шварценегер. Од петнаесет милионскиот електорат на Калифорнија на изјаснувањето излегоа десет милиони, од кои повеќе од половината беа за отповикување на демократот Греј Дејвис. Со тоа тој стана првиот гувернер што е отповикан од функцијата во историјата на Калифорнија и втор случај во изминативе осудесет години во Америка еден гуверенер преку вакво изјаснување да мора да си замине од функцијата. Дејвис, признавајќи го поразот, изјави:

„На господин Шварценегер вечерва му гарантирам целосна соработка на мојата администрација за време на транзицијата. Сакаме на новиот гувернер да му ги претставиме предизвиците исто како што гувернерот Вилсон го стори за мене.“

Покрај отповикувањето на Дејвис, граѓаните на Калифорнија се изјаснија и против неговиот заменик да Круз Бустаманте да дојде на местото гувернер. Дејвис се соочи со ваквото изнасување, по огромните критики дека придонесол за лошата состојба во калифорниската економија, за зголемување на нејзиниот буџетски дефицит и за пораст на невработеноста. Шварценегер победи и покрај негативниот публицитет што го имаше за време на кампањата. Имено, тој ги преживеа обвинувањата дека злоставувал жени и оти како момче изразувал восхитување спрема нацистичкиот лидер Адолф Хитлер. Гувернерската функција Шварценегер треба да ја преземе до петнаесетти идниот месец.
XS
SM
MD
LG