Достапни линкови

logo-print

Бејрут: Според специјалниот пратеник на ОН тензиите на Блискиот Исток растат


Тензиите на Блискиот Исток се зголемуваат и постои опасност од проширување на конфликтот, изјави во Бејрут специјалниот паратеник на Обединетите Нации Стефан Да Мистура. Израел ги обвини герилците на Хезболах во Либан за убиството на еден израелски војник во пограничната зона, а либанските власти соопштија дека од граната, веројатно истрелана од израелска територија, загинало едно дете. Заострени се и израелско – сириските односи по израелскиот воздушен напад врз еден тренинг камп на палестински милитанти на територијата на Сирија. Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека Израел има право да се брани, но побара од премиерот Ариел Шарон да ја спречи натамошната ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG