Достапни линкови

Македонското судство допрва треба да се избори за својот дел од колачот


Дали во Македонија може да се зборува за независност или самостојност на третата судската власт, ослободена од полтичките влијанија и притисоци на актулените номенклатури кои кои ја делат власта. Дали независноиста е повеќе декларативна отколку реална. Може и така да се зброува, но факт е дека во судската власт има вистински професионалци, како што е и факт дека сепак македонското судство допрва треба да се избори за својот дел од колачот наречен трета власт, вели Ленче Софрониевска од неодамна актуелен член на новиот републички судски совет:

„Судсвото, системски поставено, сепак е „најмалиот брат“ од трите власти. Тоа го мислам заради тоа што судството долги години немаше никакво влијание, а и сега постои тој проблем“

Во делот на вистинското позицвионирање на македонското судство потребми се сериозни промени во законската регулатиува, вели Софрониевска, особено во делот на создавање на полуитички амбимнт и војла за поинаков начин на избор на судиите:

„Измени во законската регулатива, но и во Уставот, за физиономијата на судскиот совет – тоа да биде едно пошироко тело во коешто ќе има претставници бирани како сега, но да има и парламентарци и од власта и од опозицијата. Но, главниот број да биде од редот на судиите“

Врховниот судија Агим Мифтари оценува дека токму самиот начин на избор и разрешување на судиите асоцира на политичките влијанија врз судството.

„Нема држава и нема власт којашто не сака да стави рака врз судството. Прашање е колку судството е способно да се спротистави на тие притисоци и влијанија. Една од причините сигурно е и изборот и разрешувањето на судиите“

Во обезбедувањето на поголема независност на судство скао голема улога има вели Мифтари и независнито судски буџет

„Донесен е законот пред скоро еден месец и сигурно ќе овозможи поголема независност на судството, иако целосно не се решава проблемот на независноста само со тој закон. Самиот закон за Републички судски совет ќе овозможи средствата што се наменети за судството да можат побрзо и порационално да се користат и распределуваат во самото судство. Во овој дел во бившите југословенски простори сме први коишто донесуваат ваков закон“

Софониевска ги отфрла критките на опозицијата дека преку неа и новоизбраниот републички судски совет ќе пресудува владечката СДСМ

„Прво треба да се даде можност на новиот судски совет да започне со работа, па откако ќе се согледаат состојбите во неговата работа, тогаш да се коментира.“
XS
SM
MD
LG