Достапни линкови

Сеуште нема листа на селектирани кандидати за прием


Се уште не постои листа на селектирани кандидати за прием во јавната администрација, вели вицепремиерот Муса Џафери кој воедно е и носител на овој проект, демантирајќи ги информациите дека наводно европската агенција за реконструкција ги оспорило резултатите од конкурсот за 600 административци.

И од европската агенција за реконструкција која го финансираа проектот за обука на новите административци, ја демантираат ваквата информација.

„Нема вистина во тврдењата дека европската агенција за реконструкција го поништила изборот на 600 кандидати на конкурсот за државни административци од проста причина зато што процесот за нивен избор не е ниту започнат. Немаме престава кој е изворот на ваквата информација но таа комплетно неточна,“

изјави портпаролот на Европската Агенција Хајди Модро. Додека за вице премиерот Муза Џафери:

„Целта на ваквите обвинување е да се изврши притисок врз партиите кои партципираат во Владата да не избираат кандидати според партиски клуч.“

Ние тоа нема да го направиме, вели вице-премиерот Муса Џафери, кој објаснува:

„Во тек сме на подготовка на критериумите како да ги селектираме и распределиме кандидатите според регионите, бидејќи тие како администратори ќе работат во локалната власт односно општините.“

Селекцијата на кандидатите според потпретседателот на влада Џафери би требало да заврши до крајот на неделава а обуката на новите администратори треба да започне на први ноември. За 600 работни места во јавната администрација конкурираат над шест илјади кандидати.
XS
SM
MD
LG