Достапни линкови

Москва: САД се соочуваат со можноста од пролонгиран конфликт во Ирак


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Соединетите Држави се соочуваат со можноста од пролонгиран конфликт во Ирак, слично како што Советскиот Сојуз заглави во Авганистан. Во интервју за Њујорк Тајмс, Путин предупреди дека Ирак би можело да стане нов центар или магнет за, како што ги нарече, деструктивните елементи. Затоа тој и препорача на американската администрација што е можно побргу да им ја предаде власта на ирачаните.
XS
SM
MD
LG