Достапни линкови

logo-print

Стокхолм: Пол Лајтебур и Питер Менсфилд добитници на Нобеловата награда за медицина


Американецот Пол Лајтербур и британецот Питер Менсфилд ја добија годинашната Нобелова награда за медицина, објавено е денеска во Стокхолм. Во образложението се вели дека двајцата научници придонесоа за развојот на модерната магнетска резонанса со која се прави вистински напредок во дијагностицирањето на болестите. Во текот на оваа недела се очекува да бидат објавени имињата на добитниците на Нобеловата награда за физика и хемија, а годинашниот нобеловец за мир ќе биде познат в петок.
XS
SM
MD
LG