Достапни линкови

Њујорк: Советот за безбедност на ОН не гласаше за резолуцијата за осуда на Израел


Советот за безбедност на Обединетите Нации на синоќешната воредна седница не гласаше за предлог резолуцијата со која се осудува Израел поради нападот извршен врз територијата на Сирија. Претседавачот на Советот за овој месец, американскиот амбасадор Џон Негропонте, најавувајќи продолжување на консултациите, оцени дека засега не е потребна нова резолуција за Блискиот Исток. ,,Неопходно е Сирија да ги демаскира терористите кои се наоѓаат на нејзина територија,, рече Негропонте. Израелската војска вчера, како што соопшти, бомбардирала еден камп во Сирија за обука на исламскиот Џихад, организација што ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад во Хаифа во кој загинаа деветнаесет луѓе.
XS
SM
MD
LG