Достапни линкови

Скопје: Трајковски отпатува во посета на Јапонија


Македонскиот претседател Борис Трајковски, придружуван од министерот за финансии Петар Гошев, денеска ќе отпатува во тридневна работна посета на Јапонија. Цел на посетата, како што е соопштено во Скопје, е интензивирање на политичките и економските односи и продлабочување на трговската соработка меѓу двете земји. Предвидено е да бидат разменети ноти за кредитот што го одобри јапонската влада за изградба на хидро системот Злетовица.
XS
SM
MD
LG