Достапни линкови

Симеон Саксобурготски повратил дел од недвижниот имот вреден милиони долари


Можеше ли пред две години кога поранешниот бугарски крал Симеон Саксобурготски стана премиер на Бугарија, да се претпостави дека имал нешто друго на ум освен намерите да ја подобри економската состојба на неговите осиромашени земјаци. Тамошните весници веќе почнаа да пишуваат дека Симеон вратил дел од недвижниот имот во своја сопственост во вредност од стотици милиони долари.

Мусала на планината Рила е највисокиот врв во Бугарија. Тој, според локалните медиуми, е дел од земјиштето за кое поранешниот крал вели дека е негово. Но, Симеон не го доби врвот кој сега е национален парк, туку го замени за неколку други места. Медиумите шпекулираат дека нивната вредност изнесува околу двесте и пеесет милиони долари. Поранешниот крал, кој не е многу зборлива личност, во врска со ова вели дека станува збор за ифрабикувана кампања. Тој наведува дека сака да го врати имотот на неговото семејство со единствена цел, тој да биде подобро управуван. Симеон избега од Бугарија како дете откако во 1946 година на власт дојдоа комунистите. По неколку децениски егзил, тој во две илјади и првата година стана премиер откако неговото тогаш новоформирано политичко движење однесе убедлива победа на парламентарните избори. На бугарите им вети подобар живот и искоренување на корупцијата. Сега, повеќето од нив мислат дека Симеон не ги оствари ветувањата. Најновите новински извештаи за неговиот имот, според аналитичарите, уште повеќе ќе го намалат неговиот рејтинг. Мирела Веселинова е новинарка која објави серија текстови за барањата на поранешниот крал да си го врати недвижниот имот. Таа смета дека тие не се законски.

„Прашањето е дали сиот имот што им се враќа на Симеон и на неговата сестра Марија Луиза, како наследници на Цар Борис, е личен имот на кралското семејство или пак е во сопственост на државата како имот на круната.“

Некои правни експерти исто така аргументираат дека враќањето на имотот е незаконско, бидејќи за тоа не постои специјален закон. Сега тоа се прави врз основа на одлуката на Уставниот суд од 1998 година со која се декларира дека национализацијата изведена од комунистите е неуставна. Оваа одлука, според правниците, нема сила да ја поништи национализацијата.

„Во 1947 и 1948 година, имаше специјален закон според кој недвижниот имот на Фердинанд, на Цар Борис Третти и на нивните наследници се конфискува. Враќањето на имотот на Симеон и на неговата сестра, во остуство на специјален акт, е незаконско.“

Вели професорот по имотно право Александар Џеров. Ваквата правна дебата околу враќањето на кралскиот имот се повеќе се одразува врз политичиот живот во Бугарија. Опозицијата веќе побара формирање параламентарна комисија која ќе го испита случајот, додека од владејачките редови велат дека тоа е дел од кампањата за да се разниша кабинетот на премиерот Симеон.
XS
SM
MD
LG