Достапни линкови

Менувањето на навиките, најголем проблем


Зголемена комуникација меѓу државните институции, а пред се подобрување на услугите кон граѓаните, ова се повеќемесечните анализи на Владата по што таа донесе одлука владините работници, министерствата и вработените во другите државни органи да започнат со ново работно време односно од 8 до 16 часот,

„Предложениот распоред на новото работни време е резултат на повеќе анализи, кои укажуваат дека државните институции треба да имаат ист распоред на работното време заради меѓусебната соработка и ова значи усогласување на работното време на институциите во државата и јавната администрација која е сервисно ориентирана кон граѓаните, кои своите услуги треба да ги бараат во исто работни време во овие институции.“

вели владиниот портпарол Сашо Чолаковски.

Незадоовлни од одлуката, дел од вработените потенцираат дека преку синдикатот треба да се поднесе иницијатива за смена на оваа владина одлука:

„Ваква промена, не е проблемот во сатницата, туку во распоредот на времето. Во приватниот живот, се губи повеќе време на работа.“

„Се се поместува за еден час, во сите институции. Дури и семејниот ручек. Мислам дека владата треба да го разгледа тоа. Организацијата кај нас е така поставена дека ние како едински не сме моќни нешто да смениме, синдикатите можеби би можеле нешто да сменат.“


Во однос на промената која за граганите треба да значи подобар јавен сервис од страна на државните институции тие велат:

„Мислам дека не е во ред, бидејќи не одговара и не се прилагодени. Не може така да се донесе таква одлука. Не се следи тоа со инфраструктурата, еве конкретно имаме внуче, градинките не може да се прилаогодат на тоа работно време, значи градинките треба од 17 часот да работат.“

„Стариот начин на работа беше подобар, е сега колку тие ќе бидат функционални.“

„Подобро што сите работат во исто време, и за градинките и за сите. Поефикасно е, се знае системот на работа.“

„Ако сакаме да се вклучиме во Европа, тоа е првиот чекор, тоа порано требаше да се направи. Навиките тешко се менуваат.“


Со новото работно време на државните служби, започна ново пулсирање во целата држава. Тоа потегна промени и во другите институции. Градинките прилагодувајќи се на промените околу работното време на родителите, мораа да ја прифатат оваа владина одлука и исто да го поместат времето за работа од 8 до 16 часот. Промените, единствено, за сега неважат за училиштата за кои засега останува истото работно време.
XS
SM
MD
LG